Ким Кантрал: Јас не сум експерт за секс

Од:

Ѕвездата на серијалот „Сексот и градот“ Ким Кантрал, која ја глумеше ненаситната и сексуално најактивна Самата Џонс,во интервју за „The sun“ призна дека воопшто не е експерт за секс, како ликот кој го глуми.

55 годишната Ким во интервјуто признава дека најверојатно се разбира во сексот и сексуалните игри колку и секој нормален човек. Глумицата рече дека под притисок на карактерот кој го донела во серијата, луѓето очекувале дека знае многу повеќе за сексот.

„Она што ме направи сексуално среќна и што за мене ги смени работите, беше фактот дека пронајдов партнер кој е доволно сензибилен и партнер кој знае да слуша“, изјави сексипилната Кантрал.

Низ смеа Ким додала дека една од најдобрите работи во серијалот „Сексот и градот“ се однесувала на сексот гледан низ призмата на хуморот, а не сексот гледан преку оргазмот.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата