Еден од најпознатите и најомилените холивудски актери Кијану Ривс пристигна во Србија, поточно во Крагуевац.
Како што е познато, Кијану на „Арсенал фест“ ќе настапи како бас гитарист на групата „Догстар“.
Колку е скромен Киану Ривс знаат сите, што за емисијата „Експлозив“ го потврди и Маја Цветковиќ, организаторката на фестивалот и раскажа какви „барања“ имал познатиот актер.
„Мислам дека ова е еден од поскромните барања што лично сум ги прочитала. Во суштина, првата ставка е дека сè треба да е чисто, без разлика дали е чист мраз, чист тоалет или чиста соба, тоа им е најважно. Интересно е тоа што тој, за разлика од некои рок бендови, бара безалкохолно пиво и ладно саке, што е јапонски пијалок и обично не се наоѓа кај некој што продава овде. Овошјето и се останато, освен кокосова вода која е во тренд, може да се најде овде. Сè друго е повеќе од обична побарувачка, повеќе од скромно, и да тука се и чистите пешкири“, истакна таа и потоа додаде:
„Една главна ставка е безбедноста. Тој е свесен дека таму мора да одат неколку прстени, некои од неговите луѓе, што од локалните обезбедувачи“.