Кијану Ривс за прв пат ќе се појави во серија

Од:

Актерот Кијану Ривс за прв пат ќе се испроба во главна улога во телевизиска серија.

dobivaj vesti na viber

Заедно со Мартин Скорсезе и Леонардо ди Каприо, Ривс ќе биде извршен продуцент на новата серија на Хулу „Ѓаволот во белиот град“, по сценарио на продуцентот Сем Шо, а во режија на Тод Филд.

Базиран на истоимениот бестселер, напишан од Ерик Ларсон, новата серија ја раскажува приказната за д-р Х.Х. Холмс, измамник и сериски убиец кој ги демнеше своите жртви на Светскиот саем во Чикаго во 1893 година, како и Даниел Х. Бурнам, архитект и урбанист чиј лик ќе го толкува Кијану Ривс.

Во изјавата за People, претседателот на Hulu Originals и ABC Entertainment, Крег Ервич, рече дека новата серија „зборува за различно раскажување приказни со уникатно привлечни ликови и напредни приказни кон кои продолжуваме да се стремиме во сè што правиме“.

„Ѓаволот во белиот град“ ќе биде уште една соработка на Скорсезе и Ди Каприо, а неодамна беше објавено и дека планираат да снимат и шести заеднички филм.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кијану Ривс се враќа како Џон Вик во новиот тизер трејлер