Нова кражба во домот на Киану Ривс: снимени крадците со скијачки маски, полицијата со морничава теорија

Од:

Крадци упаднале во домот на Кијану Ривс во населбата Холивуд Хилс. Полициската управа во Лос Анџелес добила анонимен повик за „можно медозволено навлегување на поседот“ во средата, 6 декември, а приказната е објавена дури три дена подоцна. Кога полицајците пристигнале во куќата на ѕвездата од Матрикс, не нашле никого.

Но, пет часа подоцна алармот се вклучил и полицајците се вратиле. Снимката од безбедносните камери покажала дека „неколку лица со ски-маски на лицата“ кршеле еден од прозорците и влегувале во домот на Ривс. Провалниците украле „едно огнено оружје“ пред да побегнат. Ривс во тоа време не бил дома.

Ова не е прв пат актерот да има проблеми со луѓето кои непоканети му влегуваат дома. Пред девет години една жена му упадна во куќата додека тој мирно спиеше во својата соба. Жената не зеде ништо, туку седна и заспа во фотелјата. Ривс се разбудил, ја нашол и разговарал со неа. Таа рече дека сака да го запознае. Потоа повика полиција.

Само еден ден подоцна, друга жена му влегла дома додека тој не бил таму. Вратата наводно била отклучена. Жената, се пишуваше тогаш, се соблече, се истушира, а потоа гола влезе во неговиот базен. Чистачите кои дошле да си ја завршат работата по час-два повикале полиција. И двете неименувани жени биле уапсени и двете завршиле под психијатриска опсервација.

Меѓутоа, оваа година Ривс и неговата партнерка Александра Грант усеааја да добијат привремена забрана за пристап до нив на човек кој тврди дека е роднина на Кијану. Извесен Брајан Кит Диксон дури шест пати без дозвола влегувал на имотот на актерот од 5 ноември минатата година до 20 јануари годинава. Сакал да разговара со актерот. Ривс дури ангажирал приватни истражители за да дознаат што е можно повеќе информации за човекот кој пишувал бизарни објави на социјалните мрежи. Тој се нарекува Џаспер Кит Ривс и рече дека сака неговиот „братучед“ Киану да му биде старател.

Полицијата моментално ја истражува најновата кражба и ги анализира видео снимките од камерите околу имотот вреден 6,5 милиони долари. Малку е морничаво да се слушне дека полицајците се сомневаат дека анонимниот крадец е некој кој од којзнае кои причини ја набљудувал куќата на актерот подолго време.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кијану Ривс се збогува од своите колеги

Предраг Петровиќ

Кијану Ривс за прв пат ќе се појави во серија

(ВИДЕО) Кијану Ривс се враќа како Џон Вик во новиот тизер трејлер