Кифлички со виршли

Од:

Многу се меки и вкусни …

Потребно е:
за тестото:
1 кг брашно
150 мл маслиново масло
400 мл млеко
1 коцка свеж квасец
1/2 лажиче шеќер
1 лажиче сол

500 гр мали пилешки виршли
2 жолчки, за премачкување
афион, за посипување

Подготовка:
– Во млакото млеко и шеќер разматете го свежиот квасец. Оставете го садот на топло за да стаса квасецот.

– Во друг сад ставете ги брашното и останатите состојки за тестото и додадете го стасаниот квасец. Со раце замесете глатко тесто. Покријте го тестото со крпа и оставете го на топло да нарасне.

– За тоа време подговете ги виршлите. Кратко сварете ги во вода и оставете ги да се исцедат и да се изладат убаво.

– Нараснатото тесто уште кратко премесете го и поделете го на 15 топчиња. Секое топче со сукало развлечете го на малку набрашнета работна површина (види слика) со дебелина од 0,5 см.

– На секое парче тесто ставете две виршли на средината и замотајте ги како ролати. Одозгора со остар нож засечете ги на 2-3 места.

– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Оставете ги на топло да нараснат уште малку.

– Премачкајте со изматени жолчки и посипете со афион.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека да добијат убава златно-румена боја.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска