Вкусни кифлички со готови кори …
Потребно е:
1/2 кг кори за пита
за премачкување:
1 јајце
1 белка
125 мл маслиново масло
100 мл кефир или јогурт
прстофат сол
6 гр прашок за пециво
15 гр брашно
за филот:
3 средно големи, сварени компири
150 гр фета сирење
2-3 лажици ситно сецкан свеж магдонос
1 лажиче бибер
1 лажиче мелена лута црвена пиперка
и уште:
2 лажици растопен путер
по избор: сусам или црн сусам
1 жолчка
Подготовка:
– Компирите измијте ги и сварете ги во солена вода. Исцедете ги и оставете да се изладат. Потоа излупете ги и изрендајте ги на крупната страна на рендето.
– Додадете ги издробеното фета сирење, ситно сецканиот магдонос, бибер, мелена лута црвена пиперка и убаво измешајте.
– Во помал сад сипете го маслиновото масло и додадете ги кефирот, јајцето и белката, потоа брашното со прашокот за пециво и убаво изматете со жица за матење за да добиете хомогена смеса.
– Ставете една кора за пита на работната површина и посипете ја со 2-3 лажици од смесата со јајца. Со четкичка распоредете ја смесата секаде по кората.
– Ставете ја втората кора над првата и неа премачкајте ја со смесата од јајца. Исечете ги корите на 16 еднакви триаголници.
– На почетокот на секој триаголник ставете по едно полно лажиче од масата од компири. Превиткајте ги краевите на корите преку филот и завиткајте ги како кифлички. Истата постапка повторете ја додека да го потрошите целиот материјал.
– Кифличките наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Изматете ја жолчката со малку вода и со ова премачкајте ги кифличките. Одозгора посипете ги со сусам или пак со црн сусам. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 175 целзиусови степени 30-35 минути.
– Печените кифлички премачкајте ги со растопен путер.