Потребно е:
600 гр брашно
200 гр пире од слатки компири
150 гр домашна свинска маст
1 лажиче сол
1 кесичка сув квасец
малку шеќер
200-300 мл млеко
1 јајце
сусам
Подготовка:
– Слатките компири измијте ги, излупете ги и ставете ги да се варат во солена вода. Сварените компири испасирајте ги.
– Во еден подлабок сад ставете го брашното, солта, квасецот, малку шеќер, млекото и пирето од компири. Малку измешајте и додадете ја маста.
– Замесете меко тесто и оставете го на топло место да нарасне.
– Стасаното тесто поделете го на 40 помали топчиња.
– Секое топче малку развлечете го со сукало и завиткајте го како кифличка.
– Кифличките наредете ги во тава обложена со хартија за печење и оставете ги на топло 15-тина минути.
– премачкајте ги со разматено јајце и посипете со сусам.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека да поруменат.