Кифлички цветчиња со сирење

Од:

Меки воздушести пецива полнети со сирење …

Потребно е:
50 мл млака вода
50 гр свеж квасец
1 лажица шеќер
1 кг меко брашно
500 мл млако млеко
150 мл масло
2 лажичиња сол
2 јајца
1 жолчка

за филот:
300 гр ситно сирење
100 гр маргарин

Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги квасецот, брашното, шеќерот со млака вода и оставете да надојдат.

– Во подлабок сад ставете го брашното и направете вдлабнатина во средината. Тука ставете ги надојдениот квасец, солта, маслото, јајцата и жолчката. Замесете тесто со додавање на млака вода. Тестото обликувајте го како топка, покријте го со крпа и оставете да стаса.

– Стасаното тесто поделете го на два дела. Секој дел со сукало развлечете го во форма на елипса. Исечете го по должина, премачкајте со маргарин, ставете по 1 лажица сирење и замотајте ги како на сликата.

Кифлички цветчиња со сирење1

– Наредете ги во тава на хартија за печење со растојание меѓу нив, премачкајте ги со неразматена белка, посипете со сусам и крупна морска сол.

Кифлички цветчиња со сирење2

– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска