Британската манекенка Кејт Мос се најде на насловната страница на списанието за мажи „Есквајер“.
Таа по 17 години повторно се сликала за насловната страница на ова списание. На фотографиите носи бело палто и проѕирен корсет украсен со скапоцени камења. Кејт првпат се сликала за насловна страница на ова машко списание кога имала 19 години.
Фотографиите покажуваат дека британската модна икона и по толку години воопшто не загубила од својот гламур и женственост, по која е препознатлива.