Кејт Мидлтон повторно „жртва“ на Фотошопот

Од:

Војвотката од Кембриџ, Кетрин „Кејт“ Мидлтон изминативе денови блескаше на јавната изложба во новиот Кенсингтонски центар за одмор во Лондон.

Но, на една фотографија од собирот што вчера ја објави австалиското списание „Woman’s Day“ на  својата насловна страна, Кејт изгледа непрепознатливо.

Сликата е доказ колку агресивната употреба на Фотошоп може да делува бизарно, оценија британските медиуми, од кои некои се појавија со наслови во стилот „Што и направија на Кејт?“.

Инаку, „Women’s Day“ е најчитан австралиски женски неделник, па оваа постапка дополнително изненадува.

Ова не е првпат војвотката да биде „жртва“ на Фотошопот. Во септември 2012 година, американското издание на списанието „Стар“ објави фалсификат на сликите на Кејт, на кои и беше додаден испакнат стомак со тврдење дека носи близнаци. 

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он