Катар планира да започне изградба на вештачки остров, во вредност од 5,5 милијарди евра во близина на својата претстолнина Доха.
Островот ќе изобилува со хотели каде што ќе претстојуваат и посетителите на Светското фудбалско првенство во 2022 година.
Како што пренесува „Франс прес“ со изградбата се предвидени луксузни вили и пет пловечки хотели. Хотелите ќе бидат со капацитет до 25.000 гости.
Катар, како најголем светски извезувач на природен гаас најави дека до 2016 година ќе вложи 40 проценти од својот буџет, во инфраструктурни проекти.
Елена Георгиевска