Катар е најбогата држава на светот

Од:

Фудбалски стадион со клима, лизгалиште на 45 степени и базен за коњи, се некои од местата кои туристите можат да ги видат само во Катар

Посетител во оваа мала земја има можност да го слуша Виенскиот филхармониски оркестар, да ужива во филмскиот фестивал Трибека, да ја гледа Јелена Јанковиќ како игра тенис или да го сретне фудбалерот Лео Меси.

Катар по ништо не се разликува од околните земји на Арапскиот Полуостров – толку е богат што се е екстравагантно. Ова мало кралство во Персискиот Залив, со повшина од 11.000 квадратни км. и околу 700.000 жители, воодушевува и остава без здив! Бидејќи, Катар не оди кон иднината, туку трча! Иако оваа земја не може да се пофали со богата историја и славна традиција, во Доха, престолнина на овој емират, која има околу 300.000 жители, можат да се видат најскапи примероци на целата исламска уметност, богати колекции на книги од цел свет и скапоцени слики на славни уметници, пишуваат Новости.

катар1Новиот емир, Тамим, одлучи од Доха да направи регионален хаб-центар и секој да посака да го посети неговото софистицирано кралство.

Жителите на оваа мала земја со големо богатство, до средината на 50-тите години од 20 век живееле од риболов и вадење на бисери. Тогаш мнозинството живееле на северниот дел од земјата, поблиску до Бахреин. Од моментот кога се најдени неисцрпни резерви на нафта и гас, сите се преселиле на југ. Сега жителите на Катар живеат како сакаат и каде сакаат, а останатите милион жители, според можностите. Бидејќи, Катар има доволно гас да го затопли целиот Антарктик.

Во шега обично се вели дека Катарчанец што има една куќа, едно возило и една жена е сиромашен човек! Кога Катарчанец ќе се одлучи да изгради куќа, дозволата ја добива за еден ден, а половина пари кои ги вложил, државата му ги враќа. Инаку, во Катар не се плаќа данок, што е причина зошто милион странци работат во оваа земја. Тие доаѓаат од сите светски држави, од Британија до Непал, од Филипини до Мароко, а меѓу нив се и 2.000 граѓани на Србија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска