Карпошани вечерва на своите тераси се журкаа заедно со ДЈ Бабура Јуниор, кој е дел од програмата „Слушни ги звуците на урбан Карпош“. Тој пушташе музика од покривот на „Сити мол“, како што најави, со цел жителите да уживаат во своите домови со добра музика.
Posted by Skopje City Mall on Сабота, 25 април 2020
Забавата која можеше да се следи и онлајн започна со латино хитови, а продолжи со поп хитови кои беа актуелни минатата година од еминетни светски ѕвезди. На неговата листа, се најдоа и познати македонски песни, како „Се е против нас“ од Куку Леле, но и хитови од Тоше Проески. Заедно со него, настапуваше и вилионистот Виктор Ангелов.
Општина Карпош рече дека на овој начин се дава поддршка и на музичката сцена кои не настапуваат поради пандемијата од коронавирусот.
-Карпош продолжува да пулсира во духот на урбаното, во духот на маалскиот соживот и меѓугенерациска дружба. DJ Babura Junior не потсетува на голем број диско хитови, ретро македонска и странска музика, соопштија општинските власти.