Каролина Гочева вечерва стапи во брак со својот неколку годишен партнер Михо Корубин.
Каролина е облечена во преубава венчаница од чипка, а Михо во елегантно одело. Дознаваме, гардеробата ја набавиле од Италија.
Пријателите и роднините ќе ги забавуваат познати пеачи, а веселбата се одржува во необична атмосфера. Специјално за оваа прилика украсен и преуреден е еден од воените хангари на аеродромот Петровец.
За врската на Каролина и Михо многу се говореше, но тие ретко откриваа детали за јавноста. Каролина има 37 години, а Михо 31. И тој е познат сликар, како и неговото семејство Лиле и Рубенс.
Лиле Корубин прва ја обзнани радосната вест на својот профил на ФБ, а Каролина објави фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.