Интересен начин на подготовка на карфиол …
Потребно е:
1 помал карфиол
4 јајца
50 мл масло
250 мл млеко
100 мл кисела павлака
путер
лебни трошки
сол
100 гр рендан кашкавал
брашно, по потреба
Подготовка:
– Карфиолот поделете го на помали цветчиња и сварете го со солена вода. Исцедете го.
– Од јајцата, млекото, маслото, солта, павлаката и брашното замесете тесто, малку погусто од тесто за палачинки. Во тестото додадете го ренданиот кашкавал.
– Огноотпорниот стаклен сад за печење премачкајте го со путер и посипете со лебни трошки.
– Наредете ги цветчињата карфиол на дното на садот, прелијте со тесто и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека не порумени.
– Кашкавалот може да го изрендате одозгора без да го ставате во тестото.