Карфиол во сос од кашкавал со мелено месо и ајвар

Од:

Вкусно јадење со карфиол и мелено месо…

Потребно е:
1 поголема главица карфиол
2 главици кромид
1 лажица масло
350 гр мелено месо
100 мл вода
3 лажици ајвар
1/2 лажиче сол
1/4 лажиче бел бибер

за сосот од кашкавал:
30 гр путер
4 лажици брашно
500 мл млеко
200 гр кашкавал (трапист или ајдамер)
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче бибер

и уште:
1 лажица масло
150 гр лебни трошки

Подготовка:
– Карфиотол поделете го на помали цветчиња и убаво измијте го. Ставете го да се вари 10-тина минути во солена вода. Исцедете го и малку иситнете го со нож.

– Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на малку масло. Додадете го меленото месо и водата и динстајте додека не почне да врие водата. Зачинете со сол и бибер. Додадете го ајварот и динстајте уште 1-2 минути.

– Во сад на рингла растопете го путерот, додадете го брашното, измешајте и полека сипете го ладното млеко. За цело време мешајте со дрвена лажица за да не се згрутчи сосот. Продолжете да го варите сосот со постојано мешање додека да се згусне, некаде околу 5 минути.

– На крај додадете го изренданиот кашкавал, измешајте и зачинете со сол и бибер по вкус.

– На 1 лажица масло пропржете ги лебните трошки со постојано мешање.

– Во една намастена тава ставете најдоле од лебните трошки, па од карфиолот, потоа од сосот од кашкавал, па месото и повторно од сосот од кашкавал и на крај повторно лебни трошки.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 20-тина минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска