Карамел тарт со лешници

Од:

За вистинските сладокусци …

Потребно е:
за тестото:
200 гр брашно
100 гр ладен путер
50 гр шеќер
прстофат сол
1 жолчка
2 лажици ладна вода

за карамелот:
250 гр шеќер
150 мл вода
1 лажиче мед
250 мл слатка павлака
20-25 гр путер
1 ванилин шеќер
прстофат сол
200 гр печени лешници

Подготовка:
– Во брашното додадете го шеќерот и измешајте. Потоа додадете го на листови исечениот ладен путер и убаво измешајте за да се соединат сите состојки. Ќе добиете ронливо тесто.

– Потоа додадете ги жолчката и вода и замесете тесто. Така подготвеното тесто замотајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер 30-тина минути убаво да се излади.

– Малку набрашнете ја работната површина, ставете го тестото и со сукало развлечете го во форма на круг со дебелина околу 0,5 см и дијаметар околу 28 см.

– Потоа тестото намотајте го на набрашнетото сукало и пренесете го во набрашнет калап со дијаметар од 26 см. Со внимателни движења тестото притиснете го во калапот. Вишокот тесто што излегува надвор од рабовите на калапот отсранете го со остар нож.

– Тестото покријте го со пластична фолија и ставете го калапот повторно во фрижидер.

– Избоцкајте го тестото со вилушка и покријте го со алуминиумска фолија и на неа сипете зрна грав. Ова е да не нарасне тестото и да остане правилно.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.

– Извадете го калапот, внимателно тргнете ја алуминиумската фолија со гравот и повторно вратете го во рерна да се допече уште 10-тина минути. Тестото оставете го во калапот потполно да се излади.

– За тоа време подгответе го карамелот. Во еден сад на рингла на ниска температура растопете ги шеќерот со водата и медот додека да добијат златна боја. Немојте да мешате.

– Во друг сад на рингла на умерена температура загрејте ги слатката павлака, путерот и ванилиниот шеќер. Не смее да проврие, туку само да се соединат слатката павлака и путерот.

– Кога шеќерот ќе добие златна боја почнете полека да ја додавате слатката павлака со постојано мешање. Потоа додадете ги лешниците и продолжете со варењето на умерена температура со постојано мешање. Смесата трема да добие боја на карамел и тогаш е готова.

– Во подготвениот карамел додадете сол, измешајте и ова сипете го рамномерно на печеното и изладено тесто.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 10-тина минути, односно додека целата површина не биде како пена. исклучете ја рерната и оставете го тартот на топло уште 2-3 минути.

– Извадете го од рерна и оставете го на собна температура потполно да се излади.

– Изладениот тарт извадете го од калапот. посипете со изрендано или ишарајте со растопено чоколадо. Исечете го на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска