Уживајте во овие карамел залачиња и капките дожд кои се насекаде околу нас …
Потребно е:
за тестото:
200 гр брашно
1/2 лажиче сода бикарбона
1/2 лажиче цимет
1 лажиче изрендана кора од лимон
1 јајце
80 гр омекната свинска маст
80 гр шеќер
за карамелот:
190 гр путер
1 лименка кондензирано млеко
110 гр шеќер
90 гр ф’стаци
140 гр лешници
Подготовка:
– Прво подгответе го тестото. Во еден сад помешајте ги маста со шеќерот, па додадете го јајцето, циметот, кората од лимон и постепено додавајте го брашното помешано со сода бикарбоната. Замесете тесто. Оставете го да се одмори 15-тина минути во фрижидер.
– Ставете го во тава (21х34 см) обложена со хартија за печење и распредете го рамномерно со дебелина од околу 1 см. Ставете го да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 20-25 минути. Оставете да се излади.
– Во меѓувреме преминете на подготовка на карамелот. Кондензираното место помешајте го со шеќерот и путерот и ставете го да се вари 8 минути додека не се растопат шеќерот и путерот во него. Во врелото млеко додадете ги лешниците и ф’стаците.
– Карамел кремот нанесете го рамномерно на тестото. Тавата ставете ја во фрижидер додека да се стегне убаво карамел кремот.
– Извадете ја тавата од фрижидер и пресечете го колачот во облик на коцки или правоаголници.