Каракул: „Мртво море“ на покривот на светот

Од:

Соленото езеро Каракул се наоѓа на речиси четири илјади метри надморска височина, сместено меѓу снежните врвови на таџикистанската планина Памир. Тоа е едно од највисоките езера во светот.

Се смета дека езерото настанало по удар на метеорит пред повеќе милиони години, а неговите води претставуваат вистинска оаза среде негостољубивиот и каменит пејсаж на Памир. Во викторијанско време овие предели се сметале за „покривот на светот“.

И покрај неговата убавина ова езеро е во голема мера безживотно, а локалните жители тврдат дека поради големата количина сол и густината на водата, пловењето е речиси невозможно, бидејќи постои голема опасност од превртување на чамците. Поради тоа се дизајнирани посебни чамци со оловен дел на дното.

Каракул е прилично суров, а во негова близина живее мала заедница на Киргизи во село, кое е наречено по езерото. Заедницата опстанува благодарение на номадското сточарство и одлегувањето овци, јакови и кози.

Селаните летата ги поминуваат на високите пасишта, а во зима се враќаат во селото и тогаш температурите се екстремно ниски, а паѓаат и до минус 45 степени Целзиусови.

Езерото е познато по својата променлива боја, која ја рефлектира околината на врвовите и сјае со темнозелена, азурна или светлосина боја, во зависност од светлината. Кога сонцето ќе зајде зад планинските врвови, езерото длабоко и до 238 метри станува темно како ноќта, поради што често се нарекува и „црно езеро“.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска