Капење низ Ереван на празникот Вардавар, во чест на божицата на водата Астгхик

Од:

Центарoт на главниот град на Ерменија, Ереван и сите негови главни паркови беа преплавени од луѓе кои го славеа празникот Вардавар – празник на водата, во чест на божицата на водата Астгхик.

Луѓето меѓусебно се полеваа со вода, а некои дури од балконите и прозорците сипуваа полни кофи.

Речиси сите кои се затекнаа на улиците беа наводенети. Многу странци, вклучувајќи ги и туристите и странските студенти, весело му се приклучија на прскањето и забавата со локалните жители.

Името на празникот Вардавар потекнува од зборот „вард“, што на ерменски значи роза. Ерменците на денот на водата на паганската божица Астгхик, која е божица на водата и плодноста, и принесуваат роза.

Ерменија била првата земја на светот која го усвоила христијанството како државна религија во 301 година. И покрај овој факт, земјата задржала голем број празници од паганските времиња и тие се слават според календарот на Ерменската апостолска црква.

Вардавар се слави 98 дана по Велигден, и стана многу важен празник за Ерменците, за кои тој претставува нов почеток во се, а се верува и дека со водата ќе запрат сите лоши дела и самотија.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска