Камерон снима 3 Аватари истовремено

Од:

Актерката Сигурни Вивер откри дека славниот режисер Џејмс Камерон снима три дела на филмот „Аватар” во исто време.

Таа го играше ликот на докторката Грејс во првиот дел, снимен 2009 година. Филмот тогаш постигна заработка од две милијарди долари со што стана филм со најголема заработувачка на сите времиња.

Актерката повторно ќе ја игра старата улога признавајќи дека не знае колку ќе траат снимањата на продолженијата и дали ќе одат според некој редослед.

Со неа исто така ќе се појават и Сем Ворингтон и Зое Салдана. Џејмс Камерон го напиша, го продуцираше и режираше „Аватар”.
Уште на самиот почеток, најави дека ќе биде трилогија во прашање, минатиот месец откривајќи дека можеби ќе има и четврти дел.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата