Камерон Диаз снимаше љубовни сцени обезбедена од сите страни

Од:

Додека популарната актерка Камерон Диаз ги снимаше љубовните сцени со Хавиер Бардем, мораше да ја чуваат припадници на британската обезбедувачка служба со помош на кучиња.

Снимањето се одржувало на теренот за голф во „Стоук Парк“ во близина на Лондон, а областа била целосно затворена и заштитена од страна на членовите на поранешниот британски САС (специјални сили на британската морнарица), кои дури се криеле и по дрвјата, додека на теренот постојано минувале патроли со кучиња.

Сцената е дел од филмот „The Counselor“, а Камерон и Хавиер „воделе љубов“ на хаубата на жолто ферари. Според зборовите на еден од членовите на филмската екипа, сè потсетувало на воена операција, бидејќи продуцентите сакале да ја спречат секоја можност било што од снимањето да се види.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата