Интересна идеја за предјадење …
Потребно е:
200 гр камембер сирење
1 лажица маслиново масло
1 лажица бело вино
1 чешне лук, ситно сецкано
1 лажиче сок од лимон
неколку ливчиња темјан, ситно сецкани
свежо мелен бибер
Подготовка:
– Рерната загрејте ја на 200 целзиусови степени.
– Извадете го сиречете од хартијата во која е завиткано и ставете го на хартија за печење.
– На неколку места прободете го со чепкалка. Полијте го со виното и маслиновото масло и посипете со сецканото лукче и сецканиот темјан.
– Покријте го сирењето со хартијата и ставете го да се пече во загреана рерна околу 20 минути.
– Печеното камембер сирење послужете го со препечен леб.