Калининград – најмалата област во Русија

Од:

Најмалата руска област, Калининград е подрачје, кое се наоѓа на 320 километри од руската граница.

На Советскиот сојуз му е доделена во 1945 година со Постдамскиот договор по Втората светска војна, со поделба на територијата на Германија.

Се наоѓа меѓу Балтичкото Море, Полска и Литванија, а има површина од 15.100 километри квадратни.

Главното пристаниште, а воедно и главен град на областа е истоимениот Калининград. Тој е позната туристичка дестинација.

Пред советската окупација, Калининград бил познат како Кенигсберг, а основан е во 1255 година. Некогаш главен град на источна Прусија, Кенигсберг е место на раѓање на славниот филозоф Емануел Кант. Во него се до Втората светска војна се наоѓал големиот Пруски кралски дворец, кој е уништен во виорот на војната.

Кенигсберг е преименуван во Калининград во 1946 година, а името го добил во чест на Михаил Калинин, кој владеел со Советскиот сојуз од 1919 до 1946 година. Сите Германци, кои тогаш живееле во градот биле принудно исселени и заменети со доселеници од Советскиот сојуз.

Калининград е едно од ретките пристаништа на Балтичкото Море, кое во текот на зимите не замрзнува и поради тоа бил главно пристаниште на Советскиот сојуз за време на Студената војна, кога тука биле сместени околу 500 илјади војници. Во градот денес има 25 илјади војници.

На местото, на кој пред војната се наоѓала кралската палата, сега се издигнува зграда од 22 ката, популарната Советска куќа, прогласена за најгрдата зграда на руското подрачје.

По распаѓањето на Советскиот сојуз, соседната Литванија и поранешна членка на СССР успеа да ја задржи својата независност и да го отсече Калининград од матичната Русија. Русите имале намера Калининград да го развијат во постосветска метропола по примерот на Хонг Конг, но поради корупцијата и криминалот градот не достигна некој процут.

Калининград денес е споен со Русија со железница, која минува низ Литванија и Белорусија и служи за превоз на стока во двете насоки.

Во градот денес живеат 400 илјади жители, а во целокупната област живеат помалку од еден милион лица.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска