Како се случи револуцијата кај мобилните телефони?

Од:

Се проценува дека ширум светот се продадени повеќе од седум милијарди мобилни телефони, од кои денес речиси две милијарди се смартфони.

Експертите за телекомуникации сметаат дека малку која технологија во последните десет години се развивала со ваква брзина.

Од првата „тула“ на Моторола, мобилните телефони драстично се смениле, а денес на нив можат да се гледаат филмови, да се прават фотографии со речиси професионални камери и да се има светот на дланка, но и пристап до инфомрации преку интернет.

Компанијата Сони во 2005 година ја придвижи музичката револуција со првите „walkman“ мобилни телефони W800i, кои се многу надоградени со дополнителна мемориска картичка за уште повеќе музика, а наскоро телефоните престанале да бидат само функционални.

Компанијата ЛГ во 2006 година го претстави својот прв „дизајнерски“ мобилен телефон ЛГ Чоклит, кој предизвика се повеќе да се обрнува внимание на дизајнот на телефон.

Ајфонот на Епл е прв комерцијален телефон, кој го користел прстот наместо стилус т.н. паметен молив за навигација низ екранот.

Екраните на телефоните, откако долги години било најважно да се има помал телефон, почнале повторно да се зголемуваат. Новите телефони со оперативен систем Андроид се почесто имаат лизгачки тастатури, а некои од овие модели дури се во состојба да ги заменат и големите лаптоп компјуери.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска