Кеси Бенет мудро молчеше додека медиумите ги пренесуваа сите детали за бурните ноќи во Бразил на нејзиното момче Усеин Болт, и иако сите та го сфатија како начин да му прости, по се изгледа работите стојат поинаку.
Се почна откако 20 годишната Џејди Дуарте објави селфи од креветот со Болтон, по прославата на неговиот 30 роденден. После тоа, таа ги откри сите детали, како ја прокриумчарил во олимпиското село, како ја завел со стомачните мускули, колку траела нивната љубовна игра.
Подоцна се откри дека Џејди не е единствената со која Болт бил близок. Излегоа фотографии како се бакнува со уште една бринета, и како игра со уште згодна Бразилка.
Цело време сите се прашуваа како ќе реагира неговата долгогодишна девојка Кеси, која го чекаше во Јамајка и со која наводно планирал да се венча.
Оваа убавица на социјалните мрежи ставаше лајкови на објавите за однесувањето на нејзиното момче.
Таа лајкуваше и твит кој гласи: “Животот со Божица го испушти поради романса на една вечер со некоја што не и е ни блиску“.
Сепак, сестрата на Болт уверува дека нивната љубов е јака и дека ќе останат заедно.
-Сигурна сум дека Кеси се навикна на вакви работи досега. Има навикнато на такви фотографии. Луѓето секогаш бараат да се фотографираат со него и тој се согласува. Мислам дека меѓу него и Бразилката ништо се нема случено. Тој премногу ја сака Кеси за да ја уништи врската со такво однесување. Фотографиите не се доказ дека меѓу нив нешто се случило, рече сестрата на Болт.