Како (не) треба да се облекувате во светот?

Од:

Во текот на ова лето жителките на Њујорк ќе можат непречено да шетаат во топлес на градските улици, додека истовремено полицијата во Пекинг ги предупреди жените да не носат мини здолништа и друга провокативна облека во автобусите.

Ова се само некои од примерите на различни и често пати необични правила во светот, кога станува збор за облекувањето.

Во дописот испратен до сите полициски станици во градот, властите на Њујорк ги потсетуваат припадниците на силите на редот дека шетањето на голите гради не претставува никаков прекршок нитуза мажите, нитуза жените и оти полицајците не треба да ги казнуваат и приведуваат дамите, кои ова лето ќе шетаат голи од половината нагоре.

Во Њујорк уште во 1992 година е донесен закон, со кој на жените им е дозволено да се шетаат топлес, во случај на големи жештини. Меѓутоа малкумина од граѓаните, но и од полицајците знаат за неговото постоење.

Истовремено полицијата во Пекинг ги предупреди жените да не носат мини здолништа, куси пантолони или друга провокативна облека во автобусите и метроата за време на летните месеци, со цел да се избегнат сексуалните вознемирувања.

Жените во Пекинг често пати се жалат на допирања и други вознемирувања во пренатрупаните градски автобуси и метроа, а повеќето автобуси во главниот град немаат безбедносни камери, така што на властите им е тешко да дојдат до докази за вознемирувањата. Најтешката казна за сексуално вознемирување е 15 денови затвор.

Слична одлука донесоа кон крајот на минатата година и властите во Свазиленд, кои забранија носење на мини здолништа и фармерки со ниска половина, сметајќи дека таквата облека дејствува провокативно и може да наведе на силување.

Па сепак во таа мала држава во јужна Африка секоја година илјадници млади жени, девици со голи гради, дефилираат пред кралот, што е сосема дозволена пракса.

На другата страна на светот, властите во популарното одмаралише Вајлдвуд во Њу Џерси го разгледуваат овие денови усвојувањето на прописи, со кои би им се забранило на посетителите и на жителите на овој град да носат спуштени широки пантолони во „јога“ стил.

Исто така задолжително би било по осум часот навечер да носат кошули и чевли за време на прошетките.

Пред три години на полицајците и на полицајките во Мидлендс Вест во Велика Британија наложено им беше да носат „дискретна долна облека“ во „примерна боја“, што ги покрена скандалозните гласини за инспекција.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска