Како интернетот ги промени патувањата

Од:

Туристичката индустрија е една од најпрофитабилните во светот, бидејќи нема таква криза, која луѓето ќе ги спречи да патуваат, но како и на сите останатите сегменти во нашиот живот, така и на овој влијаат промените кои се однесуваат на развојот на интернетот.

Туристичките агенции и сите агенти, вработени во оваа индустрија, хотелиерите, па дури и авио компаниите мораат да се прилагодат и да ја ги искористат можностите, што им гу нуди интернетот, се согласија учесниците на конференцијата „Индутријата на туризмот и глобалниот интернет сервис“, која се одржа во Белград. Оние, кои нема да успеат во тоа едноставно ќе исчезнат од туристичката сцена.

– Туризмот во светот е веднаш зад хемиската и нафтената индустрија, а оваа година се очекува раст од дури четири отсто и профит од некои 1.350 милијарди долари, изјави директорот на Департментот за меѓународни односи на Универзитетот Сингидунум, Слободан Унковиќ вчера на конференцијата во организација на Данас конференс центар.

Тој напомена дека и покрај измените сепак големите туроператори и натаму ќе доминираат, особено во сегментот на летните одмори, бидејќи тие ги користат предностите на трговијата на големо, имаат договори со хотелите и можат по пристапни цени да обезбедат аранжмани.

– Меѓутоа денес за разлика од порано се се прави електронски. Се повеќе луѓе патувањата или сместувањата ги резервираат преку интернет, рече Унковиќ.

Дека тоа во регионот и во Србија се уште не заживеало покажува едно истражување од 2011 година. – Дури 60 отсто од туристите од Србија самостојно си го резервирале патувањето, 29,7 отсто тоа го сториле преку туристичка агенција, а 2,3 проценти преку интернет, нагласи Унковиќ.

Резервирањето на туристичките патувања, превозот или сместувањето преку интернет од година во година расте, а од Европејците најажурни по тоа прашање се Британците, кои сочинуваат 28 отсто од вкупниот број на онлајн резервациите. Најмногу онлајн резервации има и од САД и Германија, иако последните години се забележани и Русите.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска