Доколку одлучите да тргнете со воз на патување низ Европа препорачливо е најпрво да набавите ИнтерРејл пас билет, кој го издава Voyages – SNCF и со помош на кој можете неограничено да патувате во одреден период низ 30 европски земји.
Некогаш ИнтерРејл користеа најчесто студентите за време на празниците со цел поевтино да патуваат, но денес тој стана составен додаток на секој еколошки освестен патник.
Како функицонира? Купувате билет за една држава или Глобал пас за сите 30 држави-членки. Билетот важи одреден период за кој вие ќе се определите, односно платите. Во тие денови можете да патувате колку сакате, а својот план на патување можете да го менувате по желба.
Типичниот Стандард клас билет за шест дена патување во Франција или Германија чини 263 фунти. Доколку купите билет за 450 фунти тој ви овозможува да патувате 22 дена во сите 30 држави. Се зависи од тоа колку дена сакате да патувате, со што се прилагодува и цената.
Откако сте го купиле својот билет, единствените трошоци, кои може да се појават се резервации на места во возовите, со кои планирате да патувате. Сето тоа можете да го платите однапред, секако доколку знаете каде и кога ќе патувате или на станицата, доколку сакате да бидете спонтанти. Фактот дека можете да ги менувате своите планови без дополнителни трошоци е голем плус за авантуристите.