Градовите кои ги привлекуваат туристите можеби имаат богат ноќен живот, но патниците можат повремено да забележат дека во него учествува и необичното локално население.
Истражувањето, кое го спроведе фирмата Квинсленд покажа дека животот на рајските дестинации не е ниту најмалку како од бајките.
– Кога луѓето говорат за туризмот, најчесто ја споменуваат економската корист, но нашето истражување беше фокусирано на општествената компонента на благосостојба, изјави Елена Коновалов од универзитетот Џејмс Кук, која заедно со колегите го спроведуваше истражувањето.
Тие откриле дека жителите на развиените туристички места се горди што многу луѓе поминуваат големи далечини за да ги посетат. Исто така тие поради тоа имале повеќе прилики за работа, а во местата во кои живеат отворени се многу кафулиња и ресторани.
Меѓутоа оние кои живеат во градовите, кои ги посетуваат голем број туристи се чувствуваат отуѓено од сопствената заедница.
Истражувањето не барало одговор на прашњето што всушност се случува, но Коновалов вели дека можеби една од причините е тоа што туристичките места имаат претежно транзитна популација.
Коновалов нагласува дека тоа го отежнува реализирањето на проектот за заедница и нејзиниот напредок.