Овој напиток ја подобрува циркулацијата на крвта, го намалува притисокот, позитивно делува на метаболизмот, го подобрува имунитетот …
Потребно е:
10 кг свежи зрели капини
2 кг шеќер
Подготовка:
– Зрелите капини изгмечете ги убаво и помешајте ги со најмногу 2 кг шеќер.
– Оваа мешавина сипете ја во стаклени шишиња. Шишињата затворете ги но не ги затварајте затворачите сосем. Оставете ги да стојат на сонце 2 месеци.
– По овој период прецедете ја содржината од шишињата и добиеното вино од капини повторно наполнете го во шишиња.
– Шишињата со виното чувајте ги на ладно и темно место.
– Виното од капини најдобро е да го пиете наутро на празен стомак или пак навечер пред да си легнете. Ако ова вино го пиете како лек доволна е дневна доза од 50 до 100 мл но подолг временски период (2-3 месеци).