Навистина ќе го подготвите многу брзо затоа што овој колач не се пече …
Потребно е:
3 чаши (од 250 мл) овесни снегулки
1 чаша кафеав шеќер
55 гр путер
80 мл млеко
80 гр какао во прав
1 лажиче цимет
2 лажици семки од сусам
Подготовка:
– Во тава на рингла тостирајте го сусамот. Внимавајте да не изгори. Тргнете го на страна.
– Во подлабок сад на рингла ставете ги путерот, млекото, какаото, циметот и шеќерот и оставете ги да се варат. Промешајте да добиете хомогена смеса без грутки.
– Садот тргнете го на страна, сипете ги овесните снегулки и убаво измешајте.
– Смесата сипете ја на хартија за печење и израмнете со лажица или раце. Убаво обликувате ја смесата да биде со дебелина од 2 см.
– Со лажица земете од уште врелиот тостиран сусам и посипете над врелиот колач. Со истата лажица притиснете го сусамот во колачот.
– Кога ќе се излади колачот исечете го на коцки и послужете.