Кај Кипар отворен подводен музеј со над 90 скулптури

Од:

Подводен музеј со над 90 скулптури на уметникот, еколог и фотограф Џејсон де Каир Тејлор, беше отворен на почетокот на месецов, во туристичкото место Аја Напа крај брегот на Кипар. Скулптурите ќе служат и како вештачки гребени за помош во обновувањето на подводниот живот.

– Скулптурите се преобразуваат, па на нив растат корали, а има сунѓери што се лепат на површината (на статуите), вели авторот.

Музејот за подводни скулптури во Аја Напа (МУЗАН) содржи 93 уметнички дела изработени од комбинација на висококвалитетен морски не’рѓосувачки челик и еколошки подобен, тн. ПХ-неутрален бетон.

Сместени на длабочина од 8-10 метри, овие парчиња се дизајнирани да привлечат различни видови морски животни. Кристално чистото подрачје на оваа област, исто така, значи дека е погодно за нуркачи.

Околу 10-15 отсто од морското дно има доволно цврста основа што овозможува природно создавање гребени, што ги прави скулптурите важен дел за зачувување на морскиот живот.

Сите претходни проекти на Џејсон низ целиот свет се специјално дизајнирани за секое место.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска