Кафеаните во Виена почнаа да ја наплаќаат водата

Од:

Гостите во виенските кафеани веќе треба да плаќаат за водата што им се послужува со кафето, а половина литар ќе ги чини до 3,60 евра, соопшти Виенската трговска комора.

Како што пренесува ДПА, бесплатната вода беше еден од високо ценетите гестови на внимание од страна на гостите низ виенските кафеани.

Но, според едно неодамншно истражување, 27 од 30 кафеани почнале да ја вметнуваат и водата во сметката. Некои од нив продолжуваат водата да ја носат бесплатно, но само кога клиентот порачува и храна.

Сопствениците на кафеаните ваквата одлука ја правдаат со тоа дека чашите за вода треба да се мијат и дека послужувањето, исто така, чини пари.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска