Каде го поминуваат познатите медениот месец?

Од:

Славните секогаш патуваат со стил, но кога избираат место каде ќе го поминат својот меден месец, тогаш тоа е гламур на квадрат.

Еве некои од луксузните одморалишта, каде што заљубените двојки со многу пари го поминале најубавиот месец од нивниот брак.

Ранчот „Сан Јасидро“ во Санта Барбара (Калифорнија)

Избор на: Џон и Џеки Кенеди, Џенифер Лопез и Марк Ентони, Џулија Робертс и Дени Модер

Во 1953 година, американскиот претседател со својата млада сопруга платија само 27 долари за ноќ. Денес ова луксузно одморалиште чини неколку илјади долари за ноќ.

„Four Seasons“, Хаваи, остров Биг ајленд

Избор на Меган Фокс и Брајан Остин Грин

Двојката помина цел месец во овој хотел откако претходно се венчаа на плажа. Иако со младенците беше и синот на Брајан од првиот брак, сепак имаше можност за љубов и романтични вечери.

Есперанца Ресорт – Лос Кабос, Мексико

Избор на Лиен Рајмс и Еди Сибријан

Мал хотел со само 57 соби кои овозможуваат приватност, апсолутно неопходна на познатите. Младенците уживаа во сурфање, а Лиен веднаш се пофали на „твитер“: Прекрасен ден да се живее!

Парот Кеи и КОМО Шамбхала Ретрит, Туркс и Кајакос

Избор на: Бен Афлек и Џенифер Гарнер, Ева Лонгорија и Тони Паркер, Ешли Симпсон и Пит Венс, Џери Сеингелд и Џесика Склар

„Four Seasons“, Коста Рика

Избор на: Енди Родик и Бруклин Декер

Познатиот пар призна дека поголем дел од времето го поминаа заклучени во собата, но сепак прошетаа малку и надвор, во шумите на Коста Рика.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска