Овој богат и вкусен јунешки гулаш многу лесно се подготвува, а збогатен со прилог од пире од компири или палента има неодолив вкус.
Потребно е:
3 лажици масло
1 лажица путер
1,5 кг јунешко месо без коски, исечено на коцки
1 главица кромид, ситно сецкан
1/2 страк праз (само белиот дел)
2 моркови, ситно сецкани
3 лажици свеж сецкан магдонос
1 чешне лук, ситно сецкано
150 мл црвено вино
600 гр сецкани домати (може и од конзерва)
1 свежа црвена пиперка
300 мл врела вода
сол, бибер
малку кафеав шеќер
гранче свежа мајчина душичка
1-2 ловорови листови
10-тина црни маслинки
Подготовка:
– Рерната загрејте ја на 200 целзиусови степени. Во подлабока тава за печење ставете го маслото и путерот. Кога ќе се загреат ставете го месото да се пржи додека не добие кафена боја. Тргнете го месото од тавата и оставете го на страна.
– На истата маснотија во тавата ставете ги да се пржат кромидот и празот, додадете малку сол и шеќер и пржете додека не добијат убава боја (ако е потребно додадете малку врела вода).
– Потоа додадете го целерот и морковот, лукчето и динстајте додека малку не омекнат.
– Тогаш додадете ги сецканите домати и малку свежа мајчина душичка, убаво измешајте и динстајте уште околу 3-4 минути.
– Додадете ги зачините и маслинките, измешајте, покријте со капак и ставете ја тавата да се пече во загреаната рерна околу 1 час.