Јованов: Шпекулација е дека подготвувам песна за Евровизија

Од:

Пред неколку часа јавноста беше информирана дека по негативните коментари за втората песна, МРТВ одлучи да сними трета композиција која ќе ја претставува Македонија на Евровизија.

Медиумите известија дека МТРВ го ангажирала композиторот Јован Јованов, да предложи нова композиција.

Јованов за А1он ја демантираше инфомацијата и додаде дека се работи само за шпекулација.

-Тоа е само шпекулација. По „Империја“ бев ангажиран да направам композиција која ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2013 во Шведска. Но, од МРТВ ја одбија песната и ја избраа „Пред да се раздени“ – истакна Јованов.

Тој додаде дека наскоро ќе имаме можност да ја слушнеме неговата нумера.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

Израел ги прифаќа условите на ЕБУ: Ќе ги сменат спорните делови од текстот за да го задржат учеството на Евровизија

А1он

Незадоволство од победникот: Фановите на ПЗЕ покренаа петиција да се повтори гласањето

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он