Јоксимовиќ: Време е да се преиспита начинот на гласање, за мене победи Тамара

Од:

„Време е да се преиспита начинот на гласање на Евровизија, за мене победник е Тамара“ напиша на Твитер, српскиот пејач и композитор Жељко Јоксимовиќ, кој повеќе пати има учествувано на Евровизија.

Поддршка за Тамара вчера стигна и од Марија Шерифовиќ која победи на Евровизија во 2007 година, а на социјалните мрежи и Светлана Ражњатовиќ – Цеца и Јелена Карлеуша повикаа да се гласа за Северна Македонија. Меѓу славните кои ја поддржаа Тамара беше и британската ѕвезда Бој Џорџ.

Македонскиот претставник на Евросонг, Тамара Тодевска го освои осмото место со песната „Proud“. Ова е најдобар пласман на земјава од сите досегашни натпреварувања на Евровизија.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија