„Јеменските куќи“ стари и до 25 векови му одолеваат на забот на времето

Од:

Во Јемен, кој бил колевка на многу цивилизации, се наоѓаат преубавите и пред се мошне необичните „Јеменски куќи“ со посебно рачно изработени декоративни фасади, кои го привлекуваат вниманието на странските туристи.

Со архитектурата и униктатната украсна фасада „Јеменските куќи“ во главниот град Сана, од кои некои се стари и до 2.500 години, му одолеваат на забот на времето.

„Јеменските куќи“ се поместени на листата на светското културно наследство на УНЕСКО.

Декоративната фасада, позната и како камерија, се изработува од црвена цигла и се додава на ѕидот на куќата.

Декоративната фасада може да биде поставена одвнатре или од надворешната страна на куќата.

Тоа е традиционален начин на поставување на фасадата, на која често се испишуваат и верски пораки, но и мотиви со ѕвезди и сонцето, бидејќи се верува дека и тоа би можело да донесе среќа и благостостојба.

Мајсторот за изработка на декоративни фасади, Џамил Хусеин Мухамед Ебу Зеин е еден од ретките во оваа земја, кои се обидуваат да ја сочуваат оваа традиција на изработка на традиционални фасади.

Историскиот стар дел на Сана е опкружен со ѕид од непечени цигли во висина од 14 метри. Внатре во градот има над 100 џамии, 12 хамами и 6.500 куќи. Поединечни градби, како палатата Самсарх и старите џамии, се стари повеќе од 1.400 години.

Голем број „Јеменски куќи“ од непечена глина и рамни покриви, наликуваат на облакодери, а добар дел од нив имаат фасади украсени со раскошни декоративни релјефи, со изрезбани прозорски рамки и витражи.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска