Јапонско вселенско летало се урна додека се обидуваше да слета на Месечината

Од:

Вселенското летало на јапонска компанија наводно се урна додека се обидувало да слета на Месечината во средата, при што изгубилo контакт неколку моменти пред слетувањето.

Повеќе од шест часа откако беше изгубена комуникацијата, јапонската компанија „iSpace“ конечно го потврди она што сите се сомневаа, велејќи дека постои „голема веројатност“ леталото да удри во Месечината.

Тоа беше разочарувачки неуспех за iSpace, кој по мисија од четири и пол месеци беше многу блиску да го направи она што го направија само три земји – успешно слетување на вселенско летало на Месечината, според Асошиејтед прес.

Такеши Хакамада, основач и извршен директор на iSpace, се надеваше дури и откако беше изгубен контактот додека леталото се спушти на последните 10 метри. Контролорите на летот зјапаа во нивните екрани во Токио додека минутите одминуваа со ништо друго освен тишина од Месечината.

Ако сè беше добро, iSpace ќе беше првата приватна компанија што слета на Месечината. Хакамада вети дека ќе се обиде повторно.

Би можело да ве интересира

Лендерот SLIM преживеа -130 степени и испрати фотографија од Месечината

ВИДЕО: Американците се вратија на Месечината

Катерина Ѓуровски

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он

(ВИДЕО) Историски подвиг за Индија: Вселенското летало слета на Месечината

Катерина Ѓуровски

ВО ЖИВО: Индиското летало се обидува да се спушти на Месечината

Катерина Ѓуровски

Русија во мисија на Месечината по пауза од 50 години, лансирано возилото Луна-25