Доколку не сакате да ручате сами или знаете колку е непријатно кога сам влегувате во ресторан, проблемот Ви го решaва еден јапонски кафе ресторан во кој друштво ќе Ви прави џиновскиот Муми.
„Moomin Cafe“ во Токио е преполн со играчки со ликовите од сликовниците и цртаните филмови за Мумиевите.
Секој гостин кој не сака да седи сам, може да избере играчка по своја желба. Освен тоа, можно е да се нарачаат и једења инспирирани од ликовите од цртаниот филм што произлегоа од сликовницата на финската илустраторка Тове Јансон.
Сличен кафе ресторан неодамна беше отворен и во Њујорк.
Книгите за Мумиеви на Тове Јансон се продаваат во милионски тиражи, а се преведени на 44 јазици.
Првата книга за Мумиеви „The Moomins and the Great Flood“ е објавена во 1945 година.
Тове Јансон почина во летото 2001 година, во 87-та година од животот.
Интересно е дека во Финска дури постои и забавен парк „Светот на Мумиеви“.