Јапонска торта од сирење

Од:

Неповторлива, фина и неверојатно вкусна …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
250 гр крем сирење
50 гр путер
140 гр шеќер
100 мл млеко
60 гр брашно
20 гр нишесте
6 јајца
сок од 1/2 лимон
прстофат сол

за преливот:
џем по желба
малку вода
рум

Подготовка:
– Сите состојки треба да бидат на собна температура. Одвоите ги белките од жолчките.

– Белките со шеќерот и прстофат сол изматете ги во густ шлаг.

– Крем сирењето кремасто изматете го заедно со путерот. Додадете го сокот од лимон и една по една жолчка. Сипете го млекото, густинот и брашното и измешајте убаво.

– Калапот за торта обложете го со алуминиумска фолија и тоа во неколку слоеви. Сипете ја горната смеса во калапот.

– Рерната загрејте ја на 150 целзиусови степени. Земете еден поголем сад во кој ќе може да го ставите калапот за торта и наполнете го со врела вода. Калапот ставете го во водата во садот и ставете ги во загреаната рерна околу 60 минути. Додека се пече тестото немојте да ја отварате рерната. По тоа време отворете ја рерната и проверете со чепкалка за заби дали е печено тестото.

– Додека се пече тестото направете го преливот. Во еден сад на рингла ставете ги џемот, малку вода и малку рум и кратко варете ги со постојано мешање. Сварениот прелив оставете да се излади.

– Оставете го печеното бисквитно тесто малку да се излади и потоа одвоите го од ѕидовите на калапот.

– Ставете го на чинија за срвирање и посипете го со шеќер во прав. Прелијте го со преливот и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска