Навистина многу брзо ќе ги подготвите, а се неверојатно вкусни и декоративни …
Потребно е:
250 мл слатка павлака
10 јајца
200 гр сланина, шунка, свински врат (по желба), исецкана на коцкички
100 гр кашкавал, изрендан
2 лажици лебни трошки
сол, бибер
малку свеж магдонос
масло
Подготовка:
– Еден огноотпорен сад намастете го со масло и ставете ја павлаката.
– Над павлаката искршете ги јајцата. Посипете со сол и бибер и по желба со сецкан свеж магдонос.
– Одозгора распоредете ја сецканата сланина, посипете со рендан кашкавал и на крај и со лебни трошки.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.