Јагода коцки

Од:

Подгответе го овој вкусен колач со јагоди затоа што баш сега е нивното време …

Потребно е:
6 жолчки
6 лажици шеќер
6 лажици млеко
6 лажици масло
6 лажици брашно
1 прашок за пециво
3 лажици какао во прав

за филот:
750 гр млеко
250 гр шеќер
3 пудинга од јагода
6 белки
9 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
околу 600 гр јагоди
2 шлаг креми од јагода

Подготовка:
– Изматете ги жолчките со шеќерот, млекото, маслото, какаото, брашното и прашокот за пециво. Оваа смеса сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени.

– Проверете дали е печен колачот со чепкалака за заби. Кога ќе го боцнете колачот во рерна со чепкалката, ако ја извадите сува од колачот тоа значи дека колачот е печен и ивадете ја тавата од рерна.

– Од млекото, шеќерот и пудинзите од јагода подгответе пудинг.

– Во едне сад со миксер изматете ги белките со 8 лажици шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер во цврсто шне.

– Шнето додадете го во врелиот пудинг и изматете го убаво со електричен миксер за да ги соедините состојките. Оставете да се излади.

– Јагодите исецкајте ги ситно и додадете ги во горната изладена смеса. Вака подготвениот фил прелијте го преку кората и распоредете го подеднакво.

– Изматете две шлаг креми од јагода и нанесете ги најодозгора на колачот.

– Украсете по желба.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска