Брзо, лесно, едноставно, а превкусно.
Сосотјки:
јагнешки ребра
1/4 чаша рендана кора од лимон
1/4 чаша мешано свежо и суво оригано
6 чешниња лук
1 лажица маслиново масло
1 лажиче сол
1 лажиче бибер
свежо оригано и резниња лимон
Подготовка:
Направете смеса од ренданата кора од лимон, оригано, лукот, маслото, солта и биберот. Истријте го јагнешкото со смесата. Потоа ставете во веќе загреана рерна.
Оставете да се пече 30-40 минути.
Ако е потребно допечете.
Кога е веќе готово оставете го 5-10 минути да се излади и исечете на парчиња.
Декорирајте со оригано и лимон, по желба.