Јафа задоволство

Од:

Ако сакате чоколадо и портокали, ќе ви се допадне вкусот на овој колач …

Потребно е:
6 јајца
100 гр шеќер
200 гр путер, на собна температура
3 лажици какао
2 лажици брашно
1 прашок за пециво

за кремот:
500 мл слатка павлака за шлаг
200 гр чоколадфо за готвење
100 гр јафа чоколадо (Дорина)
изрендана кора од 1 портокал

Подготовка:
– Прво подгответе го бисквитното тесто. Пенесто изматете го путерот со шеќерот, потоа додадете ги жолчките и добро изматете.

– Во друг сад измешајте ги брашното, какаото и прашокот за пециво и внимателно додадете ги кај жолчките. Изматете убаво.

– Белките изматете ги во густ шлаг и додадете ги кај жолчките. Полека измешајте со дрвена лажица.

– Горната смеса истурете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 15 минути (проверете со чепкалка за заби).

– Сега преминете на подготовка на кремот. Слатката павлака ставете ја во еден сад на рингла и загревајте ја до вриење.

– Садот тргнете го на страна и во него додадете ги чоколадите искршени на парчиња и изренданата кора од портокал. Убаво измешајте за да се растопат чоколадите.

– Со врелиот крем прелијте го печеното бисквитно тесто и оставете убаво да се излади, најдобро во фрижидер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска