Јафа чоколаден колач

Од:

Одлична комбинација на чоколадо со портокали …

Потребно е:
за тестото:
4 јајца
300 гр шеќер
20 лажици млеко
14 лажици масло
380 гр брашно
1 прашок за пециво

за филот:
200 гр шеќер
3 замрзнати портокали
200 мл сок од портокал
мармалад од кајсии

за глазурата:
200 гр чоколадо
5 лажици масло

Подготовка:
– Во еден сад изматете ги јајцата и шеќерот, па додадете ги млекото и маслото. Измешајте и додадете ги брашното со прашокот за пециво во него.

– Белките изматете ги во густ шлаг. Додадете ги лажица по лажица во горната смеса. Полека измешајте со дрвена лажица.

– Добиената смеса сипете ја во тавата од рерна (30х40 см) која претходно сте ја намастиле и посипале со малку брашно и ставете да се пече на 200 целзиусови степени околу 25 минути.

– Со нож излупете ја кората на замрзнатите портокали. Ставете ја кората во бленде и иситнете ја.

– Во сад на рингла ставете да се вари сокот од портокали и шеќерот околу 10 минути. Тргнете го садот на страна, додадете ги изблендираните портокали и половина од печената кора, која претходно сте ја иситниле.

– Колачот може да го сервирате на два начина. Може или на кората да намачкате еден слој мармалад, одозгора да ставите од филот од портокали и на крај да полиете со чоколадната глазура. Кога ќе се излади исечете го на парчиња. На вториот начин може да извадите кругови од кората и да ги филувате исто како првиот начин.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска