Овие колачиња се совршени: меки, вкусни, не многу слатки. Одлично одат со некој крем од ванила …
Потребно е:
за тестото:
175 мл млеко
50 гр путер
1 жолчка
1 белка
2 јаболки
70 гр брашно
прстофат сол
1 ванилин шеќер
прстофат прашок за пециво
шеќер во прав, за посипување
цимет во прав, за посипување
Подготовка:
– Во сад на рингла растопете го путерот и оставете да се излади.
– Додадете ги млекото, жолчката и ванилиниот шеќер и убаво измешајте.
– Посебно измешајте ги брашното со прашокот за пециво и солта и додадете ги во претходно подготвената смеса. Измешајте.
– Белката изматете ја во густ шлаг и додадете ја во смесата. Матете со миксер со најмала брзина додека не добиете хомогена смеса.
– Јаболките измије ги и излупете ги, извадете им ја средината и исечете ги на тркалца со дебелина околу 8 мм.
– Калапот малку намастете го со масло и посипете го со брашно.
– Наредете ги парчињата јаболка (видете ја сликата). Одозгора прелијте од смесата.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 20-25 минути.
– Оставете да се изладат, извадете ги од калапот и послужете.