Изумирањето на диносаурусите го предизвикале вулканите

Од:

Доказите собрани во текот на новото истражување покажуваат дека за изумирањето на диносаурусите виновни се вулканите, а не астероидот како што до сега се веруваше.

После десет илјади години излеана лава од платото Декан, вулканска регија во Индија, количината сулфур и јаглен диоксид во воздухот станала токсична што предизвикала масовно глобално затоплување, загадување на океаните и масовно изумирање на видот.

Доказите се претставени на годишниот собир на Американската геофизичка унија во текот на големата дебата за тоа дали вулканите или астероидот ги убиле диносаурусите пред 65 милиони години.

– Нашите нови информации бараат повторно утврдување за тоа што навистина го предизвикало тоа масовно изумирање, рече Герта Келер, геолог од УНиверзитетот Принстон.

– Новото истражување покажа дека вулканите на платото Декан биле активни пред масовното изумирање и дека делумно или во целост се заслужни за масовното изумирање, додаде Ерик Фонт, геолог од Универзитетот во Лисабон.

Во текот на потрагата по нафта на источниот брег на Индија во 2009 година нафтените компании, на длабочина од околу 3,3 километри под морската површина отрииле стари седиментни карпи од лава. Келер и нејзината екипа добиле дозвола да ги анализираат. Отркија дека тие се преполни со фосили од периодот на масовното изумирање. Овие седиментни примероци содржеле слоеви лава, која патувала повеќе од 1.600 километри од палатото Декан.

Овој вулкански регион денеска зазема простор во големина на површината на Франција, а во текот на подоцнениот период  површината и речиси колку површината на Европа.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска