АИРБНБ е една од најпознатите платформи за изнајмување, односно барање и понуди на соби, станови, куќи… Но, понекогаш може да Ви предизвика и огромни главоболки.
Тоа на своја кожа, на најлош можен начин го почувствувала Парижанката, Лори Синаковски.
Имено, таа примила гостин од Канада, и кога по три дена се одјавил, нејзиниот стан личел на штала. Насекаде празни шишиња, инсекти и уништен мебел.. И, како тоа да не е доволно, вршел голема и мала нужда буквално каде и да стигне.
Сопственичката подоцна дознала дека тој е алкохоличар и дека страда од депресија.
– Бев шокирана кога влегов во станот. Тој не изгледаше сомнително, имаше позитивни оценки од претходните изнајмувачи. Трошоците за чистење се огромни, морам да најдам професионалц, изјави Лори, истакнувајќи дека ќе бара и отштета од АИРБНБ.